Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Почнува пријавувањето за студентски кревет, во домот во Охрид има слободни 243 легла

Охрид, 26. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од денеска почнува пријавувањето на студентите од II година и повисоките години за прием во државните студентски домови и други објекти за сместување за студиската 2021/2022 година и ќе трае заклучно со 20-ти август.

Согласно Конкурсот во охридскиот студентски дом „Никола Карев“ на располагање се 243 легла, од кои 49 за бруцоши и 194 за студенти од втора до четврта година.

Според конкурсот, во земјава има 5.235 легла за студентите на додипломски студии, од кои 1.249 се за бруцоши, останатите за студентите од другите студиски години.

– Студентите што ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, а доколку немаат можност електронски да аплицираат, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по конкурсот во студентскиот дом. Студентите може да конкурираат за прием само за еден студентски дом, стои во конкурсот.

За студентите од I година пак, пријавувањето за сместување во студентски дом ќе започне на 6-ти и ќе трае до 24-ти септември.

Конечниот список за прием на студентите од II и повисоките години ќе се објави на 30-ти август, а за бруцошите на 30-ти септември на огласните табли во студентските домови и на веб-страницата на МОН.

Сместувањето на студентите почнува од денот на потпишаниот договор со домот, но не подоцна од 10 дена од објавениот конечен список. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука