COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Д-р. Зејноска: Во руралните средини се вакцинирани околу 800 лица, задоволни сме од одзивот

Охрид, 26. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во руралните средини во охридскиот регион и во општина Дебрца беа имунизирани околу 800 лица со вакцина против COVID-19, вели за Супер радио и OhridPress директорката на Здравствен дом Охрид, д-р Ајсел Зејноска.

Теренската вакцинација заврши во петокот, а д-р Зејноска вели дека се задоволни од одзивот.

– Последни беа вакцинирани жителите од Пештани, Љубаништа,Трпејца и Велгошти. Задоволни сме од бројката, од одзивот. Нормално поголем интерес за имунизација имаше во поголемите села, додава д-р Зејноска.

Можно е да е слика од 1 лице, стоење и пат

Покрај теренската вакцинација, течеше и вакцинација на децата од 12-16 години, со вакцината на „Фајзер“, за што имало интерес меѓу охриѓани.

Граѓаните кои поради здравствени причини не се во можност да дојдат на вакцинален пункт за да се имунизираат, ќе може да закажат вакцинирање во домашни услови. Д-р Зејноска вели дека по ова ќе се постапува согласно препораките од ресорното министерство, па ќе се види како ќе тече согласно интересот.

Охриѓани треба да закажат од 12:00 до 14:00 часот во Здравствен дом Охрид на телефонот 071/366-564.

Во Струга се закажува од 08:00 до 12:00 часот во Здравствен дом Струга на телефоните: 077/665-590 и 076/243-403.

Во Вевчани закажување од 13:00 до 14:00 часот во Здравствен Дом Вевчани на телефонот 078/436-932. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФБ/д-р.Ајсел Зејноска

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука