Локална самоуправа

Утре забрана за паркирање на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 26. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од Општина Охрид ги известуваат жителите на улицата „Јане Сандански“ и сите граѓани дека утре, 27-ми јули 2021 година, во периодот од 09:00 до 14:00 часот, ќе биде воведена забрана за паркирање, поради изведување на градежни активности.

Од локалната самоуправа апелираат до жителите да не ги паркираат своите возила на улицата и таа да биде слободна на двете коловозни ленти. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука