ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2021 Охрид ТОП ВЕСТИ

За независна листа на советници во Охрид ќе треба да се соберат околу 1.000 потписи, еден советник „ќе тежи“ околу 1.500 гласа

Скопје/Охрид, 27. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Независните листи со кандидати за советници, за да учествуваат на локалните избори наесен ќе треба да соберат потписи од 2 отсто од избирачите од општината или Градот Скопје, според договорените измени на Изборниот законик, кои наскоро треба да влезат во собраниска процедура, истакна денеска премиерот на Република Македонија Зоран Заев.

– Во општина со 50.000 избирачи (во Охрид според Државна изборна комисија има регистрирани нешто над 52 илјади избирачи), треба да се соберат 1.000 потписи, а 1.500 гласа треба за советник да се избере, што значи умерено извлечена е паралела. Не се работи за договор помеѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, туку во изработка на предлог-законот учествуваа сите политички партии, и Алијанса за Албанците и Левица. На крајот, законот се носи во Собранието и таму може да се отвори дебата, што е сосема легитимно, кажа Заев.

Тој вели дека при изработка на овие законски измени се почитувани сите препораки на ОБСЕ и ОДИХР, меѓу кои и препораката за унифицирање на прагот за поднесување потписи за независни листи.

Датумот на изборите, според предлогот од работните групи во кој учествуваат сите политички партии е 17-ти, односно, нема промени на датумот кој е утврден во самиот Изборен законик и досега. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука