Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Библиотека на тркала во подрачното училиште во Косел

Охрид, 28. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во училишниот двор во Косел и во овие летни денови се слушна детскиот џагор на учениците од ООУ „Ванчо Николески“ (ПУ Косел), кои имаа забавно-едукативна работилница за меѓукултурно описменување и демократски вредности.

Имено, учениците од ова подрачно училиште беа дел од турата на мобилната библиотека „READ on wheels“, во рамки на што развиваа култура за читање на интер-регионални квалитетни литературни дела.

May be an image of child, standing and indoor

May be an image of one or more people, people sitting and outdoors– „READ on wheels“ е регионална мобилна библиотека опремена со книги и други материјали, чија цел е да овозможи пристап до читање и културни активности на млади луѓе во помали и понедостапни зедници. Учениците од ова училиште беа воодушевени од „Библиотеката на тркала“ која изгледаше како вистинска, добија информации за користење и позајмување книги од истата, изразно прочитаа неколку текстови, а на крај имаа креативна работилница за изработка на бележници за книги, што потоа остануваа за нив.
Мултикултурната и мултилингвалната мобилна библиотека е дел од проектот „Регионална мрежа за културна разновидност (РЕАД)“ – регионален културен проект, финансиран од ЕУ и ќе прави тури низ Република Македонија, Косово, Србија, Албанија и Турција. Проектот го спроведува Гете-институт Скопје заедно со партнерските организации од земјите учеснички, информираат од ООУ „Ванчо Николески“.

May be an image of 1 person and outdoorsОва училиште во континуитет се вклучува и дава поддршка на проекти и активности што се во насока на подобрување на писменоста и интеркултурната димензија кај своите ученици. Училиштето во моментов е вклучено, а и самостојно реализира низа европски проекти за подобрување на демократската клима во училиштето, како и на знаењата и вештините кај учениците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука