ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Комунални инспектори на Инспекторатот за животна средина во Охрид ќе ги лоцираат најголемите загадувачи на езерото

Охрид, 27. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Комунални инспектори на Инспекторатот за животна средина од денеска ќе вршат увид во Охрид по постојаните аларми на еколошките здруженија и граѓаните дека немилосрдно се фрла отпад, шут и фекалии во езерото, во екот на туристичката сезона.

Во фокусот на јавноста е особено потегот кај Свети Наум, по објавите на социјалните мрежи на кои се тврдеше дека фекалии се испуштаат од цистерна веднаш до црковниот комплекс. Ваквите информации се појавија речиси истовремено кога беше соопштена одлуката на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО, која му даде уште една шанса на Охрид во наредните две години да ги санира сите неправилости во управувањето со регионот.

Директорката на Инспекторатот за животна средина, Ана Петровска, за DW вели дека по укажувањата на УНЕСКО, под чие будно око ќе бидат Република Македонија и Албанија во наредните две години, институциите сега имаат „мотив повеќе итно да го решат пробемот со загадувањето на Охридското Езеро“.

– Состојбата е лоша и тоа трае подолго време. Особено на потегот кај Пештани каде што нема колекторски систем и сиот отпад и фекалии, се случува директно да се испуштаат во езерото, вели Петровска.

Таа утре планира да изврши обиколка на камповите коишто се поставени на овој дел на крајбрежјето, ќе се проверува и дали има пропуст на колекторскиот систем кај Воска. (Крај)

извор: DW фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука