Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Ќе се проширува терминалната зграда на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“

Охрид/Скопје, 28. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Одобрени средства за модернизација и проширување на терминал на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Како што објавивме претходно парите се обезбедени со пренамена средствата што требаше да се потрошат за изградба на карго аеродромот во Штип. Предвидено е и подбрување на терминал на Аеродром Скопје.

Владата на последната седница го разгледа и одобри пакетот договори за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни за финансиска поддршка финансирање на инфраструктурни проекти на општините од програмата ТАВ. Со овој трет пакет се одобрени проекти и договори за 34 општини.

-Владата ја разгледа и усвои Информацијата во врска со склучување на договор за регулирање на меѓусебните права и обврски помеѓу договорните страни во врска со изведба на проектот – инвестиција во подобрување на терминал на Аеродром Скопје и инвестиција во модернизација и проширување на терминал на Аеродром Охрид, од Акционерско друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје и го усвои текстот на Договорот, стои во владиното соопштение.

Со реконструкција и проширување на охридскиот аеродром требаше да се почне лани, но корона кризата ги одложи плановите. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука