Избор Охрид Струга ТОП ВЕСТИ Хроника

Пријава за стружанец кој вршел такси превоз без лиценца

Охрид, 28. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот А.П. од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без лиценца“.

– При контрола извршена на 6-ти јули 2021 година на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници констатирале дека тој врши такси превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен орган, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука