Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Нов, софистициран ултразвучен ехо апарат доби Одделението за радиологија во охридската Општа болница

Охрид, 28. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Одделението за радиологија во охридската Општа болница од пред неколку дена има нов софистициран ултразвучен ехо апарат.

Долго време опслужуваме голем број пациенти како од градов така и од регионот, па со овој апарат ќе може да поставиме поточна и навремена дијагноза, вели за Супер радио и OhridPress прим. д-р Софка Маленко, радиолог, специјалист по радиодиајгностика, раководител на Одделението за радиологија.

Нема достапен опис

– Со апаратот „Миндреј“ сега ќе имаме пософистицирана можност за поставување поточна и поблаговремена диајагноза. Има голема резолуција и дава повеќе можност за работа за обработување на состојбата на пациентот, дали се работи за преглед на внатрешни органи, тироидна жлезда, вратна регија, мускулни ткива, лигаменти, повреда на мускули или преглед на крвни садови, потенцира д-р Маленко.

Ултразвучниот апарат „Миндреј“ е добиен како донација преку Светска банка и македонското министерство за здравство. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука