COVID-19 ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

47 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица од Охрид

Скопје, 28. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.593 тестирања, а регистрирани се 47 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 19
• Тетово 11
• Куманово 6
• Битола 3
• Прилеп, Струмица и Валандово по 2
• Велес и Гостивар по 1

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe 14 оздравени пациенти од:

• Скопје 7
• Тетово 5
• Прилеп и Струмица по 1

Досега во земјата се направени вкупно 963.049 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.171 бројката на оздравени пациенти е 150.321, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 359. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука