Избор Избори 2021 Охрид Партии ТОП ВЕСТИ

ОО на СДСМ од Охрид со нов претседател и ново раководство

Охрид, 29. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски синоќа присуствуваше на изборна конференција на ОО на СДСМ од Охрид, по која општинската организација доби нов претседател и ново раководство.

– Охрид веќе има потврден кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ и анкетите на јавното мислење покажуваат дека сме фаворити и овде во Охрид и низ многу општини, затоа што со силното присуство на терен, со проектите што ги реализиравме, граѓаните прават разлика меѓу нашата понуда и блокадите и деструкциите на ВМРО-ДПМНЕ, порача Николовски.

Николовски додаде дека е горд што сите функционери на СДСМ се секојдневно на терен, на маалски средби, од врата на врата, таму каде што СДСМ припаѓа, меѓу граѓаните.

– Владата и локалната самоуправа предводена од СДСМ во Охрид и градоначалникот Константин Георгиевски покажаа што значи вистинска грижа за Охрид. Последна потврда за тоа е и одлуката на Комитетот на УНЕСКО, Охрид да не биде впишан во листата на светско наследство во опасност, што е признание за нашата посветеност да го зачуваме и унапредиме квалитетот на живот во овој регион, потенцираше Николовски.

СДСМ е убедлив фаворит на локалните избори во Охрид, затоа што се менува, затоа што граѓаните се наш приоритет, затоа што со новото раководство на ОО СДСМ Охрид и градоначалникот одиме на убедлива победа заради нашата програмска и кадровска понуда, заклучи Николовски. (Крај)

извор: ВечерПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука