Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Георгиевски попладне се враќа во Македонија со олимпискиот медал

Скопје, 29. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот олимпиец Дејан Георгиевски попладне свечено ќе биде пречекан на аеродромот во Скопје, а вечерва од 19:30 часот на централниот плоштад со граѓаните заедно ќе го прослават освојувањето на сребрениот медал на Игрите во Токио.

Дочекот на 22-годишниот таеквондист Георгиевски е најавен за 14:00 часот во организација на Агенцијата за млади и спорт.

–  На 29-ти јули во 19:30 часот на плоштад веднаш до триумфалната порта Македонија да го пречекаме нашиот јунак, нашиот херој, нашиот олимписки сребрен медалист Дејан Георгиевски. Ве очекуваме во што поголем број, плоштадот да ни биде тесен, да покажеме што значи ова момче за Македонија, да покажеме што значи Македонија, соопштија од Таекводно федерацијата на Македонија.

Македонскиот теквондист од летната Олимпијада се враќа со сребрен медал во таеквондо во категоријата над 80 килограми. Ова е олимписки медал за Македонија по 21 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука