Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

ГФК Охрид Лихнидос го совлада Караорман во подготвителниот период

Охрид, 29. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на ГФК Охрид Лихнидос подобри од Караорман во „езерското“ дерби.

На третиот контролен натпревар ги совладаа стружани со високи 5-1.

Стрелци на головите за „рибарите“ беа Виктор Наумовски, Никола Угриноски, два пати Мурат Адили и авто гол. За гостите прецизен беше Никола Грданоски.

Охридските фудбалери ги очекува уште еден контролена натпревар, следен противник е екипата на Велешта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука