COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Општина Дебрца Охрид ТОП ВЕСТИ

Од вторник теренска ревакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца

Охрид/Дебрца, 29. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Од вторник, 3-ти август, ќе започне теренската ревакцинација против COVID-19 во руралните средини од охридскиот регион и општина Дебрца.

Тимовите на охридскиот Здравствен дом ќе ги посетуваат селата по истиот распоред како и за првата доза. Во вторник ќе се започне со жителите на Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа и Волино.

Во општина Дебрца ревакцинацијата ќе се врши во објекти на општината, месните заедници и основните училишта.

Во руралните средини во охридскиот регион и во општина Дебрца беа имунизирани околу 800 лица со вакцина против COVID-19, информира за Супер радио и OhridPress директорката на Здравствен дом Охрид, д-р Ајсел Зејноска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука