Избор Спорт ТОП ВЕСТИ

Леон Лекоски, талентирано момче со охридски корени кое прераснува во врвен фудбалер во Келн, Германија

Охрид, 29. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Младиот Леон Лекоски важи за еден од најталентираните млади фудбалери во Германија со потенцијал да прерасне во врвен фудбалер.

Роден во Келн, Германија, 14-годишниот центарфор повеќе години игра во младинските категории на Бундеслигашот Келн.

Неговите родители се родени во Охрид. Таткото Оливер вели дека Леон ги има сите предиспозиции да стане врвен фудбалер. Семејството го поддржува и будно го следи развојот на Леон, и како фудбалер, но и како личност.

Неговиот нов клуб е CfB Ford Köln-Niehl 09/52 e.V кој две години го следеше, но неговото доаѓање во овој клуб беше одложено поради Covid-19 пандемијата. Леон веќе ги одработи првите неколку тренинзи за овој клуб, а го постигна и првиот гол на првиот пријателски натпревар пред почетокот на новата сезона. Со младиот Леон работат врвни тренери кои го следат неговиот развој и усовршувањето на неговите вештини.

Во разговор со порталот WebOhrid тој откри дека негови идоли се Лионел Меси, Тони Крос, Џошуа Кимих и се разбира нашиот Горан Пандев, додека пак омилен клуб му е Барселона.

Ова талентирано момче, заедно со семејството моментално се наоѓа во Охрид. Вели дека секојдневно ги посетува фудбалските терени на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини Извори“, каде одработува самостојни тренинзи. (Крај)

извор: WebOhrid фото: WebOhrid

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука