COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

54 нови случаи на COVID-19, 1 новозаболено лице од Охрид

Скопје, 29. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 3.764 тестирања, а регистрирани се 54 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 16
• Тетово 9
• Битола и Дебар по 6
• Куманово 5
• Кочани 3
• Гостивар и Струмица по 2
• Прилеп, Кавадарци, Охрид, Радовиш и Валандово по 1

Не се регистрирани починати пациенти.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:

• Скопје 7
• Тетово 3
• Кочани и Гостивар по 1

Досега во земјата се направени вкупно 966.813 тестирања на Covid-19.

Вкупната бројка на Covid-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.225 бројката на оздравени пациенти е 150.333, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 401. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука