Избор Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Ребалансот на општинскиот буџет пред советниците

Охрид, 30. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Градските советници денес ќе расправаат по предлог ребалансот на буџетот. 

Ќе се одлучува по предлог измени за 15 програми, меѓу кои за поддршка на локалниот економски развој,  поттикнување на развојот на туризмот, образование, заштита на животната средина и природата како и програмата за изградба и реконструкција на локални патишта и улици за оваа година.

Советниците треба да се произнесат и по одобрување на планската програма за Ковид центарот во комплексот на Општа болница, давање согласност на годишниот план за вработување во општина Охрид и ЈП „Билјанини извори“ за 2022 година, како и за измена и дополнување на одлуката за утврдување на висината на надоместокот на услугите што ги врши ЈП „Градски гробишта“ – Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука