ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Избори 2021 Македонија ТОП ВЕСТИ

Џафери ќе ги распише локалните избори на 6-ти август

Скопје, 30. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Собранискиот спикер Талат Џафери ќе ги распише локалните избори на 6-ти август.

Првиот круг на изборите ќе ги закаже за 17-ти октомври согласно Изборниот законик и Уставот дека локалните избори се одржуваат во втората половина на октомври, а мандатот на локална власт е 4 години без можност за продолжување, објави Џафери.

Во одност на измените на Изборниот законик спикерот не сакаше да прецизира дали ќе бидат донесени пред годишниот одмор на пратениците кој почнува на 1-ви август. Напомена дека комисијата за политички систем треба да ги заврши амандманите но и дека голем дел од поднесените амандмани биле вратени поради несоодветно користење на уставното име.

– Вчера ја гласаа резолуцијата со цело уставно име и не гледам потреба сега да проблематизираат, рече Џафери на брифингот со новинарите. (Крај)

извор: Сител фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука