COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

74 нови случаи на COVID-19, 1 новозаболено лице од Охрид

Скопје, 30. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регистрирани се 74 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје – 16
• Тетово – 15
• Куманово – 8
• Гостивар – 7
• Битола – 6
• Кичево – 5
• Дебар – 4
• Струмица – 3
• Прилеп, Штип и Свети Николе – по 2
• Охрид, Гевгелија , Радовиш и Берово – по 1.
Регистрирани се две починати лица од: еден од Скопје и еден од Кичево ,двајцата пациенти се од возрасната група 60+
Регистрирани сe 17 оздравени пациенти од:
• Скопје – 8
• Тетово – 5
• Куманово – 2
• Кичево и Кавадарци – по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 971.395 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.299 бројката на оздравени пациенти е 150.350, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 456. (Крај)
извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука