ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Водостојот на Охридското Езеро во јули опаднал за девет сантиметри

Охрид, 30. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Повторно забележан пад на нивото на водата во Охридското Езеро. 

Според денешните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР) езерото е на кота од 693,43 м.н.в, што е за 15 сантиметри под просекот за јули (693,58 м.н.в) и за 33 сантиметри над минимално дозволеното ниво од 693.10 м.н.в.

Можно е да е слика од текст кој вели „за землоделство управа работи- (споредба ареките природните езера претходниот дени очекувана тенденција наредниот ден) прикажани река легуновце- вардар вардар 07:30 30.07.21 55 74 30 31.07.21 вардар просек 72 72 20 јули 40 76 48 к.паланка- 49 брегалница сушево- струмица 66 63 нд 60 64 сатеска радика табела 116 51 3.доран 125 во MHM измерени ез.г преспа 146,91 7:30 часот 146,91 842,44 3.охрид 842,43 = вода 26,8 844,19 ез.преспа змерени 07:30 27,0 24,5 вода 28.8 наколец- ез.преспа нд нд 22,8 инфо 14:00 14:00 4:00 инфо инфо = директор костадин ацевски обработка“

Минативе две недели нивото е опаднато за пет сантиметри, а од почетокот на месецов водостојот се намалил за дури девет сантиметри. Температурата на водата изнесува 24,5 степени и е над јулскиот просек.

Во Охрид денес сончево и натпросечно топло време. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец.

UV индексот ќе биде 9, а максималната температура во Охрид ќе се искачи до 35. степени.

– Продолжува периодот на стабилно и многу топло време со натпросечни температури за овој период од годината. Наместа вдолж Повардарието температурите ќе го надминуваат 40-тиот степен. На цела територија на Република Македонија ќе биде активирано портокалово ниво на опасност од високи температури, информираат од УХМР. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/УХМР

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука