Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Физичка пресметка на булевар „Македонски Просветители“

Охрид, 30. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 30-ти јули 2021 година, во 01:15 часот, нарушен е јавниот ред и мир во Трговски центар лоциран на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

– Пријавена е физичка пресметка помеѓу 26-годишниот С.Д. и три години помладиот А.Д., двајцата од Охрид од една и 18-годишните А.А. и Л.П., двајцата од Куманово, од друга страна. По целосно документирање на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука