Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајка во центарот на градот, учествуваа возило BMW и мотоцикл

Охрид, 30. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Големите гужви во пресрет на стартот на продолжениот Илинденски викенд во Охрид предизвикаа отежнато движење во центарот на градот.

Вечерва, нешто по 19:00 часот се случи сообраќајна незгода, во центарот на Охрид, на кружниот тек пред Шпаркасе банка.

Во незгодата учествувале патничко моторно возило марка BMW со скопски регистерски ознаки и мотоцикл.

До овој момент нема потврдени информации за повредени лица во незгодата, која предизвика отежнато движење на возилата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука