ЕКОЛОГИЈА ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЕКО ФАП спроведе акција за наводнување на паркот кај кружниот тек кај Општа болница

Охрид, 31. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридското здружение ЕКО ФАП продолжува со активности во насока на поубав и почист Охрид.

Последната акција на оваа исклучително активна дружина беше наводнување на паркот кај кружниот тек кај охридската Општа болница.

– Децата од нашата улица и паркот во кој пораснавме. На крајот од денот, со последните сили, но со многу љубов и носталгија. Наводнување на помладите дрвциња, за да биде паркот поубав, порачаа од ЕКО ФАП.

May be an image of 1 person, standing, tree and outdoors

Досега реализираа бројни еко акции, кои треба да се поддржат од целата заедница и да бидат насока како се сака и чува животната средина.

May be an image of outdoors

Неодамна ЕКО ФАП доби донација од уште две противпожарни возила, со што се чекор поблиску до реализација на идејата за формирање на доброволно противпожарно друштво во Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Горан Устијаноски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука