Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид го живее шпицот на сезоната, градот преполн за Илинденскиот викенд

Охрид, 31. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охрид го живее шпицот на сезоната и е преполн со гости за празникот Илинден.

Реки возила од сите краеви на земјава уште од вчера се слеваат кон Охрид. И овојпат не се избегна традицијата бројни настани и концерти да се сконцентрирани пред и по Илинден.

Комуналните служби најавуваат дека ќе се трудат да го одржат градот чист, но при голема бројка и фрекфенција на луѓе каква што ја имаме деновиве, хигиената најмногу ќе зависи од свеста на самите посетители.

Oд полицијата апелираат за внимателност при управувањето возила и најавија дека ќе имаат засилени контроли низ целиот град. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука