Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

69 санкции за пребрзо возење на територијата на СВР Охрид

Охрид, 31, јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вчера, 30-ти јули 2021 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, полициски службеници од СВР Охрид спроведоа засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, на територија на СВР Охрид, при што санкционирани се 69 возачи.

– Од нив 23 на територија на Кичево, а по 20 на територија на Охрид и Струга… Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука