COVID-19 Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид Струга ТОП ВЕСТИ

81 нови случаи на COVID-19, нема новозаболени лица од Охрид

Скопје, 31. јули 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на последните 24 часа се направени 5.315 тестирања, а регистрирани се 81 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:

• Скопје 27
• Тетово 25
• Куманово 9
• Гостивар 7
• Кавадарци, Кичево, Дебар и Пехчево по 2
• Битола, Струмица, Струга, Берово и Валандово по 1

Не се пријавени починати лица.

Регистрирани сe 12 оздравени пациенти од:

• Тетово 5
• Скопје 3
• Куманово 2
• Гостивар и Прилеп по 1

Досега во земјата се направени вкупно 976.710 тестирања на COVID-19. Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.380 бројката на оздравени пациенти е 150.362, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 525. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука