Избор Свет ТОП ВЕСТИ

Почина познатиот српски новинар Мирослав Лазански

Белград, 4. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во својот дом во Белград, од срцев удар, на 71-годишна возраст почина Мирослав Лазански, јавија српски Новости.

Лазански е роден во Карловац на 18-ти септември 1950 година.

Пишувал за загрепските весници „Полет“, „Вјесник“, „Данас“ и „Старт“. Во февруари 1991 година, се преселил во Белград и започнал да пишува за дневниот весник „Политика“. Покрај тоа, тој пишуваше за Политика експрес, НИН, Вечерње новости, Загребски „Старт“, Катимерини и др.

Известуваше за војните во Авганистан, Бејрут, Чеченија, Заир, Либан, конфликтот Ирак-Иран, за време на операцијата Пустинска бура, за време на војната во Босна и Херцеговина, Словенија, Косово, Либија итн.

Лазански интервјуираше двајца врвни команданти на НАТО, тројца маршали на СССР, шефови на КГБ, КХАД, педесетина министри за одбрана и началници на генералштабовите на светските армии, вклучувајќи ги и началниците на генералштабовите на Руската Федерација, Кинеската и јапонската војска. Единствениот новинар од овие простори кој пловеше во нуклеарната подморница, американскиот „Таутог“, леташе со авион Ф-14 и МиГ 29 и беше во носачот на авиони „Џ.Ф. Кенеди“.

Автор е на десет книги и десетина големи ТВ серии. Воениот рок го отслужил во 1977 година во Битола во 41-та пешадиска дивизија на ЈНА. Тој беше награден со Медал за воени заслуги. (Крај)

извор: Новости фото: Новости

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука