Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Традиционална крводарителска акција за празникот Св. Климент

Охрид, 4. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот Св. Климент, и оваа година ќе се реализира во спортската сала на ОУ „Св. Климент Охридски“ во Охрид, во недела на 8-ми август од 19:00 до 24:00 часот и во понеделник, на 9-ти август од 09:00 до 13:00 часот.

– Зголемената потреба од крв и крвни продукти во овој период нека биде мотив за сите хумани наши сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа традиционална крводарителска акција. Дарувањето крв ќе се одвива според сите потребни протоколи и мерки за заштита од Covid-19, информираат од Црвен крст Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука