COVID-19 Здравје Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Министерство за здравство: Вакцинацијата се одвива непречено, вчера се вакцинираа 12.939 граѓани

Скопје/Охрид, 4. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација, информираат од Министерството за здравство (МЗ) на Република Македонија.

– Вкупно се аплицирани 920.442 дози вакцини, а ревакцинирани се 401.336 граѓани. Вчера вкупно се вакцинирале 12.939 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 3.909 граѓани. Со последните бројки 64% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. 62% од населението над 65 години имаат примено барем една доза вакцина. 57% од населението над 60 години имаат примено барем една доза вакцина, а 45% од населението над 50 години имаат примено барем една доза вакцина, додаваат од МЗ. (Крај)

извор: Министерство за здравство фото: Министерство за здравство

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука