Избор Спорт

ФК Тетекс на подготовки во Охрид

Охрид, 4. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на тетовски Тетекс се на подготовки во Охрид.

По финиширањето на првата фаза од подготовките во Тетово се преселија на охридското крајбреже. Во наредните седум дена, тимот ќе продолжи со последната фаза од подготовките пред да започне новото првенство.

Денеска од 17:00 часот играат пријателски натпревар со Струга Трим Лум, а утре со Гостивар. На 8-ми август ќе се сретнат со Воска Спорт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ФК Тетекс

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука