Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Утре истекува рокот за пријавување на конкурсот за попишувачи и реонски инструктори за пописот

Охрид, 4. август 2021 (ОХРИДПРЕС) –Утре е последен ден за пријавување по Конкурсот што го објави Државниот завод за статистика за кандидати за реонски попишувачи и реонски инструктори кои во периодот 5-ти до 30-ти септември ќе го спроведуваат попишувањето на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија.

За општините Охрид и Дебрца, согласно конкурсот, потребни се 214 попишувачи и 21 инструктор. За Струга и Вевчани ќе бидат ангажирани 142 попишувачи и 14 инструктори.

При изборот на кандидатите кои се пријавиле за реонски инструктори ќе се има предвид етничката структура на населението во соодветниот пописен реон. Од избраните кандидати за реонски попишувачи по пописни реони ќе бидат избрани 10% повеќе резервни попишувачи од табелата-колона за вкупно попишувачи.

На конкурсот можат да се пријават сите полнолетни државјани на Република Македонија кои се невработени, кои имаат завршено најмалку средно образование и имаат компјутерски вештини.

Пријавувањето се врши исклучиво преку електронска апликација достапна на веб-страницата popis2021.stat.gov.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука