Избор Македонија ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Објавени конкурсите за ученички и студентски стипендии за 2021/2022 година

Скопје, 4. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Oбјавени се конкурсите за доделување на ученички и студентски стипендии за учебната, односно студиска 2021-2022 година, соопштија од Министерството за образование и наука. 

Во секој од конкурсите се наведени условите, критериумите, потребните документи и роковите за аплицирање со цел остварување на правото на користење на соодветната стипендија.

Oд оваа година постапката за аплицирање за стипендија е дигитализирана преку порталот e-uslugi, со што значително се поедноставува начинот на остварување на правото.

Учениците и студентите кои немаат можност да аплицираат електронски, пополнуваат хартиена пријава (евидентен лист) и ја доставуваат потребната документација по соодветниот конкурс во Министерството за образование и наука. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука