Избор Охрид

Пановски: Зачувувањето на вредностите на регионот Охрид-Преспа треба да биде приоритет

Охрид/Тирана, 19.мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Регионот Охрид-Преспа е премногу важен регион и зачувувањето на неговите вредности треба да е приоритет, истакна Дејан Пановски од Министерството за животна средина просторно планирање на Република Македонија, на планирачкиот состанок за прекуграничната соработка во Дримскиот басен што започна денеска во Тирана.

Тој нагласи дека поддршката на процесите од страна на МЖСПП не треба да се пропушти и оти политичката и стручната агенда треба да се сконцентрира на регионалното поврзување и соработка.

– Донесените процеси како Биосферен резерват, Дримскиот проект, УНЕСКО поддршката за интегрална заштита се доказ дека координацијата постои и е поддржана од меѓународната заедница. Сега влегуваме во периодот на конкретизација на процесите, додаде Пановски.

На пленарната седница во Тирана се обратија и заменик министрите за животна средина на Албанија и Црна Гора, како и преставници на меѓународни организации.

Планирачкиот состанок за прекуграничната соработка во Дримскиот басен што се одржува во организација на ГИЗ. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука

Слични објави