Двајца млади охриѓани физички нападнати и повредени со стаклен предмет на кеј „Македонија“
Охрид, 4. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти август 2021 година, во 01:20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на кеј „Македонија“ во Охрид, 19-годишните М.П. и С.К., двајцата од Охрид, биле физички нападнати од неколку лица, при што едно од нив ги повредило со стаклен предмет.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид. (Крај)
извор: СВР Охрид фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |