Избор Избори 2021 Охрид ТОП ВЕСТИ

Независната листа на Египќаните ги собра потрeбните потписи за верификација на советничка и градоначалничка листа

Охрид, 18. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Независната листа од Египќаните ги собра потрeбните потписи за верификација на советничка и градоначалничка листа.

Од листата изразуваат јавна благодарност до сите кои дадоа потпис и поддршка за листите.

Како кандидат за градоначалник е предложен Сенат Усеиноски, дипломиран економист, вработен во Општина Охрид, а советничката листа ја предводи Арбен Демироски- Бено, дипломец по безбедносни науки.

– Новото време на Египќаните во Охрид дојде, ние почнуваме да го живееме тоа време и денес од една маргинализирана етничка заедница стануваме политички фактор. Нас денес ни се приклучуваат и Македонци, Албанци, Турци и сите кои живееме во Охрид. Сите оние кои сакаат можат да го дадат својот потпис за нашата листа и нашиот кандидат и со тоа да дадат мал придонес кон реализирање на нашите цели како народ Египќани и да помогнат во испишувањето на новата историја на Египќаните во Охрид, порачаа од листата.

Потписите во Охрид се собираат во просториите на Државната изборна комисија (ДИК), во зградата на Општина Охрид, стар влез на приземје. Согласно Роковникот на Државната изборна комисија собирањето на потписи завршува на 30-ти август на полноќ. Потписите се собираат пред службените лица на ДИК и пред надлежен нотар на образец утврден од Комисијата во терминот од 08:00 до 20:00 часот, а на 30-ти август до полноќ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука