Избор Општина Дебрца ТОП ВЕСТИ

Во Слатино отворена Спомен соба на водникот Игор Костески, масакриран кај Вејце

Слатино, 19. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во селото Слатино, општина дебрца е отворена Спомен соба на водникот Игор Костески, кој настрада на 28-ми април 2001 година кај Вејце, Тетово.

Преку 120 фотографии и 90 текстови, фактографски е пренесен ликот и делото на водник Игор Костески, како и деталите за масакрот кај Вејце и храбрите воини од единицата Македонски волци.

May be an image of 1 person

– Јас како татко на Игор, Собата ја сметам за најдостоен и неизбришлив споменик што му го посветувам на моето чедо. Игорче хероју наш, нека ти е вечна слава, почивај во мир, вечен непребол, напиша неговиот татко Миливој Костески на социјалните мрежи.

May be an image of 2 people, including Zoran Nogaceski and people standing

Припадникот на специјалната единица на АРМ „Волци“, водникот Игор Костески, загина на 28-ми април 2001 година, кај Вејце, Тетовско. Од страна на припадници на терористичката ОНА, на подмолен начин, во заседа беа убиени, а потоа масакрирани, а некои и живи запалени, 8 бранители, и тоа: 4 припадници на Специјалната единица на АРМ „Волци“, меѓу кои и водникот Игор Костески и четири припадници на посебната единица на СВР Битола. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Миливој Костески

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука