Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Соло стендап шоу на Влад Илиќ на бродот „Армада“

Охрид, 22. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во рамките на Комеди Маратонот, што се одржува на бродот „Армада“, популарниот Влад Илиќ за првпат ќе настапи во Охрид.

– Во неговата биографија стои дека е новиот глас на Лондонску комеди сцену. Почна како комичар и парт-тајм келнер, а до сг има преко 350 наступа, има добиено четири награде и измиено 10.000 тањира. Сака да коментира и да га критикуе опшество, сака малко црн хумор, свакодневни обсервацие за живот, а наравно он ти е и д-р Гуру за љубавни проблеми. Можда га знаете од тој видео од BBC, он е тј дечко што гу стављаше руку на половину како тетка. После тој му појде кариера, више не е келнер, сга е супервизор, порачуваат организаторите.

Според досега кажаното забележавте дека е оригинал кумановец. Награди кои ги има добиено се:

King of the Gong – Comedy Store, Manchester
Comedian of the Year – Stand Up Club Soho, London
One to watch – Up the Creek, Greenwich, London
Max Turner Prize – Comedy Virgins, Stockwell, London.

Шоуто е во понеделник, на 23-ти август со почеток во 20:00. Резервации на билети можете да направите на телефонскиот број 075/283-066 или online на www.armada.mk. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука