COVID-19 Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Туризам

Охридските угостители се придржуваат кон новите протоколи за влез во објектите

Скопје/Охрид, 27. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охридските угостители се придржуваат кон новите протоколи за влез во објектите, информираат од Државниот пазарен инспекторат.

Директорката Анета Симеска Димоска за Канал 5 вели дека во текот на изминатиот викенд биле направени 2.118 контроли на територијата на целата држава, а со санкции поради непочитување на протоколите се соочиле само три објекти, од кои еден во Гостивар и два во Скопје.

Инспекторите интензивно вршат контроли и низ туристичките места. Димоска вели дека засега не се забележани никакви пропусти во однос на неспроведување на протколите, но она што се забележува е намален број на гости.

– Можам да ви кажам овој викенд се работеше со МВР во Охрид, Струга, и во други места каде има голема посетеност, но ова е се’ што е констатирано. Она што имаме како констатација е намален број на гости по угостителски објекти кои работат со намален капацитет, но се почитуваат и протоколите, изјави Симеска Димоска за Канал 5.

Инспекторите заедно со МВР дневно вршат по 500 контроли. Казните за неспроведување на мерки од страна на угостителскиот објект се движат од 250 до 30 илјади евра. (Крај)

извор: Канал 5 фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука