Избор Избори 2021 Охрид ТОП ВЕСТИ

Независната листа на Стевче Стевоски ги собра потрeбните потписи за верификација на советничка листа

Охрид, 29. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Охриѓанецот Стевче Стевоски го собра потребниот број од 350 потписи од охриѓани за поддршка на независната советничка листа за претстојните локални избори, закажани за 17-ти октомври.

– Ве известувам дека собрани се потребните 350 потписи за советничка листа носител Стевче Стевоски за предстојните локални избори 2021 година. Голема благодарност до сите што ја дадоа подршката со потпис така и до граѓаните кои ке го дадат својот глас на 17.10 2021 година за нашата советничка листа, порача Стевоски на социјалните мрежи.

Стевче Стевоски е роден во 1967 година, во село Елшани. Има завршено Факултет за безбедност, како дипломиран криминалист, а негова специјалност е организираниот криминал во државните и јавните претпријатија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука