ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се’ помалку ученици во Охрид, Советот во вторник ќе одлучува за формирање паралелки со помалку од 20 ученици

Охрид, 29. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – Во вторник ќе се одржи 63-та седница на Градскиот совет, на која советниците ќе расправаат по повеќе точки.

Според Дневниот ред, ќе се расправа по 77 точки, меѓу кои и за годишните извештаи за работа на охридските основни и средни училишта во новата учебна година, а ќе треба да се произнесат по предлогот за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 во основните, односно 25 ученици во средните училишта.

Ќе се разгледуваат и полугодишните извештаи за работа на јавните претпријатија и реализиација на програмите во општинските сектори. (Крај)

извор: Општина Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука