Општина Дебрца Партии

СДСМ објави нови имиња на кандидатите за градоначалници, се’ уште отворено прашањето кој ќе биде адутот за Дебрца

Скопје/Белчишта, 31. август 2021 (ОХРИДПРЕС) – СДСМ на вчерашната седница на Извршниот одбор ги утврди имињата на кандидатите за градоначалници за локалните избори што ќе се одржат на 17-ти октомври.

Сепак, името на кандидатот кој ќе истрча на терен во име на партијата во Дебрца се’ уште останува непознато. Во јавноста се шпекулира со повеќе имиња, меѓу кои и некои на поранешни први луѓе на општината, но официјална потврда за истите се’ уште нема.

Од партијата претходно не најдоа заеднички јазик со досегашниот градоначалник на оваа мала општина, Зоран Ногачески, кој овој изборен циклус ќе го трча како независен кандидат. ВМРО-ДПМНЕ веќе го објави името на својот кандидат и во Општина Дебрца ќе се обидат да ја освојат власта со Саше Силјановски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука