Избор Култура

Охридската традиција утре ќе се промовира во Хрватска

Загреб/Охрид, 21. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонското културно друштво „Охридски бисер“ ќе организира културна манифестација „Денови на македонската култура“.

Настанот ќе биде утре во просториите на Хрватската матица на иселениците во Загреб, Република Хрватска.

Со почеток во 18 часот, ќе биде отворена изложбата „Македонија така далечна, а така блиска“. Станува збор за филателистичка изложба на стари македонски разгледници и пригодни коверти, кои го поврзуваат македонскиот и хрватскиот народ и прилог нумизматичка збирка. Автор на изложбата е Драгољуб Сиљаноски.

Во рамките на пропратната програма настап ќе имаат: Пејачката група „Моми бисерни“ и оркестарот „Охридски бисер“.

Изложбата ќе биде достапна за публиката до 28 мај. Покровители се Советот за национални малцинства на Република Хрватска и Хрватската матица на иселениците. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука