Здравје

Бадемите се корисни и за намалување на стресот

Њујорк, 21. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Покрај многуте корисни својства кои ги имаат бадемите, тие помагаат и при намалувањето на стресот.

Бадемите, кои се вреден извор на витамини Б2 и Е, го засилуваат имунолошкиот систем кој при стрес станува премногу активен. Затоа бадемите овозможуваат човек да се опушти.

Експертите препорачуваат редовно консумирање на бадеми, но во мали количини секојдневно, или преку ден-два. (Крај)

извор: БГНЕС фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука