Избор Охрид

Конгрес на ССМ во Охрид – Митревски реизбран за претседател

Охрид, 21.мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Живко Митревски повторно беше избран за претседател на Сојузот на синдикатите на Македонија на 19-от Конгрес што се одржува денеска во Охрид.

Присутните 98 делегати едногласно му дадоа поддршка на единствениот кандидат за прв човек на Сојузот на синдикатите и во текот на наредните пет години.

Митревски по изборот најави дека ќе се залага за интензивирање на колективните договарања, за формирање  синдикални организации во претпријатијата во кои досега не се формирани, за трансформација на работниот однос на работниците од определено на неопределено време, како и за подобрување на социјалната положба на работниците.

Тој истакна дека ќе се бара побрзо разрешување на сите економски, социјални и политички кризи.

– Како претставници на работниците,  во идниот период ќе побараме понатамошно подобрување на социјалната положба на работниците во Република Македонија, доследно почитување и примена на работничките права, рече Митревски.

Реизбраниот претседател на ССМ поддршката ја доби од 17 гранкови синдикати. (Крај)

извор:ОхридПрес фото:ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука