ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Локална самоуправа Охрид ТОП ВЕСТИ

Пожарот на Галичица се гаси со еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ

Охрид, 5. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Еден хеликоптер на Воздухопловниот ВИНГ попладнево се вклучи во гаснењето на пожарот на планината Галичица и истиот е активен на непристапен потег, објави градоначалникот на Охрид д-р Константин Георгиески на неговиот профил на Facebook.

– Според најавите во текот на утрешниот ден ќе се делува со две летала од воздух. Денеска на мое барање се одржа состанок на кризениот штаб на кој присуствуваа претставници на Центарот за управување со кризи, НП Галичица, Дирекција за заштита и спасување, Територијалната противпожарна единица од Охрид и СВР Охрид. Беа донесени неколку заклучоци меѓу кои и одлуката од утре 06.09.2021 година од 06:00 часот да биде испратена екипа од 40 лица, кои ќе заминат на терен со цел да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Екипата ќе делува на потегот каде што нема остатоци од неексплодирани гранати, додава Георгиески. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: FB Константин Георгиески – Градоначалник на Општина Охрид

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука