Избор Спорт Струга ТОП ВЕСТИ

Најдобриот шахист во светот Магнус Карлсен ќе игра на турнирот во Струга

Струга, 6. сепември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Кон крајот на месецов, Струга ќе биде домаќин на најелитниот шаховски турнир на стариот континент, со присуството на најдобриот шахист во светот, Магнус Карлсен.

Турнирот за кој ова ќе биде 36-то издание во машка и 25-то во женска конкуренција, ќе се одржи од 17-ти до 25-ти септември. На едно место ќе се соберат најдобрите шахисти во Европа, а внимание привлекува норвешкиот клуб „Оферспил“, каде настапува и актуелниот светски шампион, Магнус Карслен.

На официјалната страна Карлсен е потврдено неговото учеството на турнирот во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука