Избор Охрид

ОУ „Братство“ од Охрид ќе ги додели наградите на распишаниот конкурс по повод 24-ти и 25-ти Мај

Охрид, 22. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – ОУ “Братство Единство” вечерва во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе го одбележи патрониот празник на училиштето, 25-ти Мај, а воедно и 24-ти Мај, Денот на Македонските и Сесловенските просветители, Свети Кирил и Методиј.

Вечерва ќе бидат доделени наградите за прво, второ и трето место, во трите категории, за основци, средношколци и возрасни, на конкурсот кој го распиша училиштето. Наградите се обезбедени благодарение на одличната соработка која ја има училиштето со Издавачката куќа „Макавеј“ од Охрид. Доделувањето на наградите ќе биде со почеток во 19 часот. Предходно, во 18:30 часот ќе биде отворена ликовна изложба на цртежи не децата од училиштето.

knigi

Директорот на училиштето, Муамер Доко, вели дека претставува голема чест да се раководи со образовна институција, особено кога се работи за училиште какво што е ОУ “Братство Единство”.

muamerdoko

– Воедно е функција која со себе носи многу предизвици и дилеми. Ова го велам пред се поради фактот што живееме во време на големи промени и турбуленции во многу аспекти од општествениот живот , а секако дека образованието не е имуно на истите. Од друга страна, менаџирањето со една ваква институција каде наставата се изведува на три јазици (македонски, албански и турски) и тоа во две училишни згради, бара огромна посветеност и флексибилност. Но, и покрај големиот товар кој доаѓа заедно со функцијата директор, постојат нешта кои го олеснуваат секојдневието и ме прават среќен. Тоа е позитивната, пријателска и релаксирана атмосфера по која нашето училиште е надалеку познато, а која е основен предуслов за успешно реализираните проекти и бројните награди на локално, државно и меѓународно нив, вели директорот Доко.

Оваа учебна училиштето одбележува јубилеј 65 години од своето постоење. Како што додава директорот Доко, и покрај исклучително тешките историски периоди на превирања и неизвесности низ кои поминувала Република Македонија, да го сочува интегритетот, во училиштето „Братство Единство“ во Охрид неуморно се работело на промоција на толеранцијата на овие простори.

logobratstvo

Училиштето во изминатиот период успешно го заврши и Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука