Избор Охрид

Променливо време овој продолжен викенд во Охрид

Охрид, 22. мај 2015 (ОХРИДПРЕС) – Викендов во Охрид ќе провладува променливо време.

Денес ќе биде променливо облачно. Во попладневните часови ќе има нова нестабилна воздушна маса која ќе донесе врнежи од дожд во речиси целата земја.

Утре ќе има мала до умерена облачност претпладне, додека остатокот од денот ќе помине во претежно сончево време. Ќе биде ветровито. Максималната дневна температура до 25 степени.

Во недела ќе биде претежно сончево претпладне, додека доцна попладне и приквечер ќе има услови за наоблачување.

Од понеделник се очекуваат врнежи. (Крај)

извор: Метео фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука