Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Македонската млада фудбалска селекција ремизираше со Србија во Охрид

Охрид, 7. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Репрезентацијата на Република Македонија за фудбалери до 21 година ремизираше против Србија 0-0 во денешниот натпревар од квалификациите за Европското првенство во 2023 година, кој се одигра во Охрид.

Голманот Давид Денковски беше меѓу најзаслужните за освоениот бод со низа одлични интервенции, меѓу кои и одбранетиот пенал на противничкиот напаѓач Слободан Тедиќ во 36-та минута.

Македонските надежи се обидуваа главно преку контранапади да го загрозат голот на Србија, со што пропуштија три изгледни прилики во завршницата од мечот, преку Енис Фазлагиќ, Лука Трајковски и Агон Елези.

Двете селекции имаат по еден освоен бод од две одиграни средби. Избраниците на Драган Канатларовски во следниот дуел гостуваат кај Ерменија на 7-ми октомври. (Крај)

извор: Нова Македонија фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука