Охрид, 8. септември 2021 (ОХРИДПРЕС) – Учесниците на локалните избори во Охрид, закажани за 17-ти октомври, излегоа со сочуство до семејствата на настраданите во вчерашниот пожар во модуларната болница во Тетово.
– Во моментите на длабока тага и немадоместлива загуба за Тетово и целата држава, во мое лично име и во името на Општина Охрид, изразувам длабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите, во трагедијата што не остави во неверување и шок. На Тетово и тетовчани им ја испраќаме сета добра мисла и им стоиме на располагање за поддршка и помош за намалување на последиците од овој ужасен настан. На сите повредени во несреќата им посакуваме побрзо закрепнување, порача актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ за нов мандат д-р Константин Георгиески.
Кандидатот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кирил Пецаков синоќа порача – „Катастрофален крај на денот, од огромни размери“.
– Жалам за жртвите во пожарот во модуларната болница во Тетово. Одговорност мора да има, потенцира Пецаков.
Сочуство упати и носителот на Независната листа „Охрид има План Б“ Антонио Наумоски.
– Голема трагедија во Тетово. Сочувство за изгубените животи. Нека почиваат во мир…, порача Наумоски. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива